Dark Mode Light Mode

Сообраќајна несреќа во Ѓорче Петров

На 19.11.2021 во 21.30 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од ул.„Ѓорче Петров“ и сервисна улица што ја поврзува со ул.„Панајот Гиновски“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.У.(25) од с.Бојане, скопско и патничко возило „фолксваген голф“, со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Х.(33) од с.Ливада, струшко.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото со струшки регистарски ознаки С.Х.(32) од с.Ливада, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, а со телесни повреди се здобил возачот Д.У., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Скопје.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Полицијата пукаше на протестите против ковид-мерките во Ротердам

Next Post

Во Кисела Вода поставена мерна станица за квалитет на воздухот

Реклама