Dark Mode Light Mode
Дали заедничка - широка влада е следниот чекор?
Завршува „Оффест“: Фронтменот на Фолтин и камерунски гитарист го затвораат фестивалот
Бујар Османи на Твитер стана „Sheldon The Sniper“

Завршува „Оффест“: Фронтменот на Фолтин и камерунски гитарист го затвораат фестивалот

Денеска завршува „Оффест“. Третиот фестивалски ден се завршува со настапите на Бранислав Николов од Фолтин, познат како Пијан Славеј и на камерунскиот гитарист, вокалист, композитор и протестен поет Блик Баси. Локацијата е идентична како изминатите денови: Национална опера и балет.

Пијан Славеј е музички уметник, изведувач, автор, поет, пејач и фронтмен на групата Фолтин. Како еден од основачите и клучни членови во бендот, зад себе има девет студиски изданија, како и музика за над триесет театарски претстави и неколку документарни и играни филмови, меѓу кои, кандидатот за Оскар „Медена Земја“, интернационално наградуваните „Исцелител“, „Avec L’Amour (Со љубов)“, „Cash & Marry“ и други. Надвор од работата во групата, одржал концерт со Македонската филхармонија и објавил две збирки поезија.

Блик Баси е камерунски гитарист и вокалист кој живее во Париз. Ги вкрстува африканските традиции, бразилската боса-нова и Мисисипи блузот со полетни мелодии и сугестивниот, кршливо нежен вокал. Пее на јазикот Баса, еден од 260-те јазици што се зборуваат во Камерун. Песните на Баси се возбудливи, емотивно и политички набиени и поткрепени со впечатлива инструментација на виолончело, труба и тромбон.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Дали заедничка - широка влада е следниот чекор?

Next Post

Бујар Османи на Твитер стана „Sheldon The Sniper“

Реклама