Dark Mode Light Mode

Заев се уште не ја доставил оставката во Собранието, Мицкоски му даде рок до понеделник

Во Собранието сè уште не е доставена оставката на премиерот Зоран Заев, велат од собраниските служби.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција најави дека до понеделник ќе чекаат премиерот Зоран Заев да ја достави оставката до Собранието. Ако тоа не се случи, најави дека ќе ја почнат постапка за гласање недоверба на Владата.

Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев на 31 октомври поднесе оставка од двете функции по завршувањето на вториот круг од Локалните избори.

Реклама

– Ја преземам одговорноста врз себе за лошите резултати од овие избори, рече Заев и додаде дека останува дел од партијата.

Коалициските партнери на премиерот Заев се против неговата оставка и против ново парламентарно мнозинство.

Оставката на премиерот Заев повлекува оставка на целата Влада што треба да биде констатирана од Собранието, но останува да ја врши должноста до изборот на новиот владин состав.

Според член 219 од Деловникот на Собранието „оставката на Владата или на претседателот на Владата, се поднесува до претседателот на Собранието во писмена форма и може да се образложи… Оставката на Владата или на претседателот на Владата, претседателот на Собранието веднаш ја доставува до пратениците и до претседателот на Републиката“.

Во член 220 понатаму се вели дека „Собранието на првата наредна седница, без претрес, констатира дека на претседателот на Владата, на Владата или на член на Владата, мандатот им престанува на денот на одржувањето на седницата“.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Мицкоски го соопшти сценариото: Прво недоверба на Владата, па обид да се формира влада - крајна опција се избори

Next Post

И утре топло до 25 степени

Реклама