Dark Mode Light Mode

Мицкоски го соопшти сценариото: Прво недоверба на Владата, па обид да се формира влада – крајна опција се избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска соопшти дека до понеделник ќе чекаат премиерот Зоран Заев да поднесе оставка, а доколку то не се случи, ја започнуваат процедурата за изгласување недоверба на Владата.

Тој на денешната прес-конференција рече дека имаат потписи на 61 пратеник кои се обединиле за изгласување недоверба на владата предводена од СДСМ и ДУИ.

Говорејќи за следните чекори тој рече – прво ќе се обиде да формира влада, а доколку не успее, ќе се оди на брзи предвремени парламентарни избори.

Реклама

-Во периодот што следи ќе се обидам,  повторувам ќе се обидам да формирам нова влада и тоа ќе се случи само доколку бидам сигурен  дека тоа ќе биде влада со сериозен кредибилитет,  влада  со  силни институции кои ќе гарантираат стабилност, нова енергија и ефикасност во реформите и промените кои следат. Доколку не се постигне оваа цел кон која се стремам и не обезбедам полна ефикасност на владата потребна за справување со кризите, борба против корупцијата и криминалот, коишто се клучниот проблем во нашата држава,  понатаму полна ефикасност на владата , тогаш она што  ни преостанува како единствена опција се брзи предвремени парламентарни избори, за народот на Македонија да одлучи за новата иднина, рече денеска Мицкоски.

Тој не сакаше да ги коментира пишувањата на лидерот на Левица Димитар Апасиев на Фејсбук дека тие не влегуваат во никаква коалиција или влада и рече дека објаснување за ова може да даде само Апасиев. Но посочи дека на листот од вчера го има потписот и на Апасиев и на другиот пратеник од Левица, Крмов.

На прашањето дали се сигурни дека имаат 61 пратеник за формирање влада, Мицкоски рече дека тоа ќе се види кога ќе го добијат мандатот.

-Дали ќе имаме 61 пратеник не би можел да ви кажам, може ќе имаме 70 и повеќе. Тогаш ќе кажеме започнуваме преговори и имаме мнозинство, кое може да биде и поголемо. Ако не успееме ќе се обратиме и ќе кажеме дека не сме успеале, рече Мицкоски.

Дали може да се очекува, доколку дојде до избори, ВМРО-ДПМНЕ во евентуална идна влада да коалицира со ДУИ, Мицкоски рече дека целта во овој период им била двојна – да го поразат СДСМ и да го развластат ДУИ, и според тоа тој нема поблем да коалицира со пратениците со кои имаат мнозинство како што се Алијанса/Алтернатива и Беса.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Саниран е пожарот во РЕК Битола и вклучен е еден блок - вториот следната недела

Next Post

Заев се уште не ја доставил оставката во Собранието, Мицкоски му даде рок до понеделник

Реклама