Dark Mode Light Mode
Трагедија во кумановско, застрелан ловџија
19 американски држави со тужби поради задолжителната вакцинација во некои компании
Приведен кумановец-превезувал мигранти од Куба

19 американски држави со тужби поради задолжителната вакцинација во некои компании

Вкупно 19 американски држави поднесоа неколку одделни и заеднички тужби против властите против задолжителната мерка за вакцинација од коронавирус за секој што стапува во деловни односи во државни или приватни компании.

Обвинителите во Алјаска, Арканзас, Ајова, Мисури, Монтана, Небраска, Њу Хемпшир, Северна Дакота, Јужна Дакота и Вајоминг поднесоа заедничка тужба до судот во Мисури.

Друга група држави, вклучувајќи ги Џорџија, Алабама, Ајдахо, Канзас, Јужна Каролина, Јута и Западна Вирџинија, поднесоа тужба до судот во Џорџија.

Реклама

Флорида и Тексас поднесоа индивидуални тужби против администрацијата на претседателот Џозеф Бајден.

Сите овие држави бараат да се блокира барањето на Бајден сите вработени во државнитее компании да бидат обврзани да се вакцинираат против коронавирусот до 8 декември. Тие држави сметаат дека власта ги пречекориле своите овластувања.

Правилото на Бајден важи за сите поединци и работодавачи кои според договор извршуваат одредени работи или даваат услуги на која било државна агенција или министерство.

Бајден неодамна рече дека наредбите за вакцинација ќе помогнат во борбата против епидемијата на коронавирус.

Државите наведуваат дека сакаат да го блокираат планот на Бајден за задолжителна вакцинација во сите приватни компании со 100 или повеќе вработени.

Тие држави веруваат дека многу вработени во државните и приватните компании ќе дадат отказ, што ќе ја намали работната сила или дека оваа мерка ќе ги обврзе работодавците да ги отпуштат невакцинираните работници, што ги прекршува правилата и законите.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Трагедија во кумановско, застрелан ловџија

Next Post

Приведен кумановец-превезувал мигранти од Куба

Реклама