Dark Mode Light Mode

Голема полициска акција во Скопје

Синоќа, (24.12.2021) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи на ул. Босна и Херцеговина во Скопје го приведоа А.О. (37) од Гостивар.

Кај него се пронајдени околу пет килограми хероин во вредност од околу 200.000 евра, кои ги носел во ранец. При преглед на ранецот пронајден е хероинот, кој бил спакуван во девет пакувања. Пронајденото е одземено, А.О. е лишен од слобода и во текот на денот до надлежното ОЈО Скопје ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за извршено кривично дело по член 215.

Министерството за внатрешни работи продолжува со континуираната борба против недозволената трговија со дрога, за што сведочат и постојаните заплени на дрога и приведување на лицата што ги вршат овие кривични дела.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Најмалку 16 мигранти загинаа во бродолом во Грција, меѓу кои и едно дете

Next Post

Битиќи уверува дека поскапувањето на струјата нема да биде големо, можни се нови мерки

Реклама