Dark Mode Light Mode

Во Македонија 482 нови случаи на коронавирус, 12 починати

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 482 нови случаи на коронавирус, а 12 лица починаа, информира Министерството за здравство.

Направени се 4.151 тестирања, а оздравени се 280 пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12починати лица: 6 починати лица од Куманово(89г,85г,71г,71г,58г и 52г), 4 починати лица од Прилеп(85г,77г,68г и 61г) и по едно починато лице од Кавадарци (69г) и Велес (62г). Од пријавени лица 11 се починати во болнички услови,а само едно лице е починато дома.

Реклама

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 12.10.2021 до 23.10.2021 година. Регистрирани се 2 починати лица од Скопје, 2 починати лица од Битола и едно лице од Крива Паланка, на возраст од 81 до 41 години. Од пријавени лица, тројца се починати во домашни услови,а две лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.361.893 тестирањана Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.539,бројот на оздравени пациенти е 186.211, на починати е 7.036, а бројот на активни случаи изнесува 6.292.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Димитар Ѓоргиев е светски шампион во кик бокс

Next Post

Тешко повреден пешак во Битола

Реклама