Dark Mode Light Mode
Пронајдена дрога во штипско, приведени три лица
Нов закон во Кина против зависност на младите од онлајн игри, родителите да го организираат времето
Македонскиот првак и следната сезона има загарантирано место во ЛШ

Нов закон во Кина против зависност на младите од онлајн игри, родителите да го организираат времето

Кина го усвои законот за образование сокој се демонстрира поодлучна позиција на државата во борбата против зависност на малдите од онлајн игри, кои се сметаат за форма на „духовен опиум“, но и обид да се застане на патот на „слепо“ обожување познати личности на интернет.

Кинескиот парламент минатата недела потврди дека ќе разгледа закон со кој ќе се казнуваат родителите доколку нивните деца демонстрираат „многу лошо однесување“ или сторат кривично дело.

Новиот закон, кој не е целосно објавен, ги обврзува локалните самоуправи да го намалат притисокот врз децата на училишна возраст, а родителите да го организираат слободното и работното време со нивните деца со цел да се стремат кон дисциплина, разумен однос помеѓу одморот и обврските и избегнување прекумерна употреба на интернет.

Реклама

Во изминатите месеци, Министерството за образование на Кина ги ограничи часовите за играње онлајн игри за малолетници на еден час само во петок, сабота и недела.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Пронајдена дрога во штипско, приведени три лица

Next Post

Македонскиот првак и следната сезона има загарантирано место во ЛШ

Реклама