Dark Mode Light Mode

Финска ја укина обврската за носење маски во јавниот превоз

Обврската за носење маски во јавниот превоз во Финска од денеска е укината. Патниците во возовите во земјата и во јавниот превоз во Хелсинки отсега можат да патуваат без маски, соопштија од железничкиот оператор ВР и компанијата ХСЛ, која управува со јавниот превоз во главниот град.

Условот за носење маски беше на сила од март годинава.

„Со отворањето на јавноста и отстранувањето на ограничувањата, ВР одлучи од 25 октомври да се префрли од барањето за носење маски на препораката за носење маски во сите возови на долги релации и за градските возови“, се наведува во соопштението од ВР.

Реклама

Патниците сега ќе можат сами да одлучат дали ќе носат маски додека патуваат.
Мислењето на клиентите се промени, наведуваат од компаниите. Според истражувањето на клиентите спроведено во септември, само 43 отсто од патниците сакале да користат маска за лице, во споредба со 58 отсто во август.0

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Сирота фонтана, цели 7 месеци тера кампања, ама...

Next Post

Цената на бензините останува иста

Реклама