Dark Mode Light Mode

Владата го обвини професорот Георгиев за инсинуации

Сметаме дека со тонот, инсинуациите и моментот избран да се пласираат невистини професорот Ванчо Георгиев си дозволи да го компромитира сопствениот научен интегритет и да пласира политички пораки, кои немаат никаква врска со реалноста и работата на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија, велат во официјално соопштение од Владата, откога професорот денеска поднесе оставка од историската комисија.

Од Владата исто така информираат дека само пред една недела професорот Георгиев со слободна волја потпишал договор за продолжување на својот ангажман како член на комисијата.

Во соопштението исто така категорично се отфрла каква било инсинуација дека имало какво било влијание за одлуката на професорот да го прекине својот ангажман.

Реклама

-Поаѓајќи од начелото на целосна независност и слобода во работата на комисијата, секој член на нашиот дел од комисијата има право да донесе одлука во врска со понатамошното учество, нагласуваат од Владата и додаваат дека ја почитуваат одлуката на професорот и му се заблагодаруваат за неговиот досегашен ангажман.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Нови 411 заразени, четири починати во 24 часа и уште тројца од претходно

Next Post

(ФОТО) Се фатија за метла кај „Технометал Вардар“ како „лисица со опашка“

Реклама