Dark Mode Light Mode

Град Скопје тврди: Во „Дрисла“ не се согорува опасен отпад без дозвола

Во „Дрисла“ не се согорува опасен отпад без дозвола, тврдат од Град Скопје.

Оттаму објаснуваат дека откако „Дрисла“ се врати во надлежност на Градот, таа прераснала во санитарна депонија, каде се применуваат современи технологии за управување со отпадот, а целокупниот нејзин економски потенцијал е ставен исклучиво во служба на граѓаните.

-Набавен е нов стерилизатор за третман на медицински отпад од познатата италијанска марка ЦИСА, што е иновативен систем целосно автоматизиран со висока технологија и квалитет. Со тоа се стави крај на неодговорното и несовесно постапување со медицинскиот отпад, односно неговата несоодветна обработка, што потоа завршуваше на „Дрисла“ како обичен отпад, што претставуваше потенцијална опасност за животната средина и за здравјето на луѓето, велат од Градот.

Реклама

Освен медицински отпад, кој се третира во согласност со предвидените процедури, во депонијата не се согорува друг вид опасен отпад без дозвола.

ЈП „Дрисла“ постапува по забелешките на Државниот инспекторат за заштита на животната средина и до надлежното министерство има поднесено барање за скратување на бараните шифри за опасен отпад, додаваат од Град Скопје.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Паднал ограден ѕид на куќа на „Дижонска“, за среќа нема повредени, само оштетени автобили

Next Post

Шест починати и 130 нови заразени од 1.843 теста

Реклама