Dark Mode Light Mode

Дали пописните резултати ќе бидат нов камен на сопнување од Бугарија за Македонија?

Почна анализата и броењето на попишаните македонски државјани, а резултатите се очекуваат најдоцна за шест месеци, иако директорот на Државниот завод за статистика ги очекува и многу порано. Но, броењето се чини нема да помине незабележано, дури ни од соседите, судејќи според реакциите на бугарскиот претседател Румен Радев.

Имено, тој во телефонски разговор со германскиот колега Франк-Валтер Штајнмаер во пресрет на Самитот во Словенија, нагласил дека „кај југозападниот сосед добил сигнали оти се врши притисок врз луѓето што отворено го искажуваат бугарскиот идентитет“. Практично, во очи на ЕУ-самитот за проширување, бугарскиот претседател му се јавува на германскиот за да му каже дека на пописот во Македонија се вршат притисоци врз луѓето кои сакаат да се изјаснат како Бугари. По ова се наметнува прашањето дали пописните резултати ќе бидат нов камен на сопнување или можеби нов услов на Бугарија на евроинтегративниот пат на Македонија?

Но не само соседна држава има забелешки. Помалите етнички заедници и внатре пуштаат сигнали на незадоволство. Турците во Македонија се жалеле дека не можеле да се попишат на турски јазик, а српската заедница изрази сомнеж дека бројот на Албанците ќе се зголеми на сметка на Србите и Турците. Одговорот на Државниот завод за статистика на сите овие обиди да се фрли дамка врз пописот е дека „тие не исполнувале ничии желби, туку ја отсликале реалната состојба“.

Реклама

Сепак најмногу сомнеж има кај значаен дел од Македонците кои стравуваат дека политиката ќе угодува на сите освен на реалните бројки. Партијата „Левица“ дури излезе и кажа дека не го признава пописот и дека останале непопишани околу 300.000 лица. Затоа и многу граѓани на социјалните мрежи упатуваат апели до надлежните при пребројувањето на резултатите да не се прават малверзации.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Приведен дилер од Штип, кој избегал од струмичкиот затвор

Next Post

Со општата кампања ги кријат конкретните локални проблеми

Реклама