Dark Mode Light Mode

Од утре почнуваа парно греење во Скопје

Од утре (7 октомври) започнува испорака на топлинска енергија до потрошувачите поврзани на системите за централно греење во Скопје, што се врши по строго утврдени правила во зависност од атмосферските услови и надворешните температури, информира Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Овие правила, додаваат, се утврдени во регулативата за испорака на топлинска енергија до потрошувачите, одобрена од РКЕ.

-Според регулативата, доколку надворешните температури се пониски се испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно, така што корисниците имаат обезбеден комфор и загреани домови согласно стандардите, односно температури во домовите не пониски од 20 +1 степен Целзиусов. Во исто време, со овие правила на испорака се обезбедува оптимална потрошувачка на топлинска енергија и минимални трошоци за греење на потрошувачите, прецизираат од РКЕ.

Реклама

При одредени атмосферски услови на доволно топло време кога не е потребно никакво греење, нагласуваат, се прекинува испораката на топлинска енергија во периодите на високи надворешни температури, а веднаш по намалувањето на надворешните температури под определените вредности, греењето повторно се вклучува.

-Оваа година грејната сезона започнува пред официјалниот старт на грејната сезона – 15 октомври, поради тоа што просечнaта дневна температура за следниот ден е пониска од 12 степени, заради што РКЕ даде одобрение за испорака на топлинска енергија за да се обезбеди потребниот комфор на потрошувачите, посочуваат од регулаторното тело.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Шилегов во Скопје најавува дека улицата кај „Рекорд“ и Собрание ќе стане пешачка зона

Next Post

Средношколци од Скопје онлајн ќе учат јазици на своите сограѓани од други заедници

Реклама