Dark Mode Light Mode

Симон Трпчевски и концертот „Данте 700“ на отворањето на „Филхармонија во движење“

„Данте 700“ и брилијантниот Симон Трпчевски во четврток ја отвораат новата концертна сезона на Филхармонија наречена „Филхармонија во движење”.

Почнува во 20 часот, а на програмата се две дела од Франц Лист, под диригентската палка на Габриел Бебешелеа.

-Овој концерт се реализира на покана на Габриел со кој досега сме имале повеќе заеднички настапи во различни делови на светот, но ова ни е прв во Македонија. Станува збор за голем професионалец, музичар, кој ќе понуди многу свежина во програмскиот концепт на Филхармонија. Програмата на концертот „Данте” е целосно изградена на опусот на Лист, неговиот Концерт бр. 2 е исклучителен како и целокупниот негов опус, има многу иновации во формата и во начинот на кој го претставува пијаното, вели Трпчески.

Реклама

Македонската филхармонија соопшти и дека подготвува нова веб страница која наскоро ќе биде промовирана.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Деветти ден гушкање и поздрави без маски, ама само за политичарите - за другите казни

Next Post

196 санкционирани возачи во Скопје, 40 за брзо возење

Реклама