Dark Mode Light Mode

Изложба „Неонска рефлексија“ во Францускиот институт и кафе барот Нано до 31 октомври

Во Францускиот институт и во кафе-барот Нано во Скопје се претставени уметнички инсталации од македонскиот уметник Антонио Пирковски, под насловот „Неонска рефлексија“. Изложбата ќе биде отворена до 31 октомври.

Кураторот на изложбата, Кристина Глигоровска објасни дека уметничките инсталации го отсликуваат современиот пристап кон создавањето на скулптурални дела, генезата на универзумот, трансхуманизмот, како и човекот на денешницата во процесот на трансформација во сајбер-човекот од иднината.

-Клучниот елемент во делата е неонската светлина, која во излогот на Францускиот институт ја рефлектира пораката за испреплетената природа на уметноста, знаењето и модата која е моќна алатка за визуелизација на иднината, додека во излогот на кафе-барот Нано е отсликана симбиозата помеѓу уметноста, науката и технологијата, додаде Глигоровска.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Спасовски ги разочара жителите на Бардовци: Не престанува градењето на центарот за странци

Next Post

Надлежните да не зборуваат само за вакцини туку и за подобрено лекување од вирусот

Реклама