Dark Mode Light Mode

Секој може да се вакцинира со трета доза, ќе биде “Фајзер“

Трета доза вакцина против ковид-19 ќе стане достапна за сите граѓани. Националниот комитет за имунизација ја прошири препораката и наместо за трите категории граѓани за кој беше препорачана, „засилувачка“ доза ќе може да добијат и останатите лица, без разлика на возраста, без разлика на тоа дали имаат или не хронични болести, а се во значаен ризик да заболат од ковид-19 заради фреквентните контакти, типот на работа и работното место.

Првичната препорака беше трета доза да примаат сите граѓани над 60 години, како и за здравствените работници и лицата со имунокомпромитирачка состојба без разлика на возраста.

Третата доза ќе биде од производителот „Фајзер“, а од Националниот комитет за имунизација велат дека се покажала ефикасна и кај оние кои примиле „Астра Зенека“, но кај тие што се вакцинирани со кинеските вакцини.

Реклама

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Професор, сликар, актерка и политиколог - објавени добитницитте на нагрдата „11 Октомври“

Next Post

Оваа или следната недела почнува проверката на учениците - за тестирање ќе се бара согласност од родителите

Реклама