Dark Mode Light Mode
„Паднаа“ Фејсбук, Инстаграм и ВатсАп - комуникацијата во светот во „мрак“
Како ќе се гласа на локалните: Нема продолжување на гласањето, а лицата во изолација ќе гласаат кога и затворениците
Приведен скопјанец, полицијата пронашла оружје во неговиот дом

Како ќе се гласа на локалните: Нема продолжување на гласањето, а лицата во изолација ќе гласаат кога и затворениците

На локалните избори на 17 октомври, како и во вториот круг на 31 октомври, ќе се применуваат истите мерки за превенција од ковид-19 како на претходните избори. Но, гласањето, како што потврдуваат од ДИК, ќе почне во 7 часот, а ќе заврши во 19 часот, за разлика од ланските предвремени парламентарни избори, за кои гласањето беше продолжено за два часа, односно траеше до 21 часот на 15 јули 2020 година. Тогаш, изборите се спроведуваа во три наместо во два дена, со тоа што два ден пред денот на изборите гласаа лицата во изолација поради ковид-19.

Но, на овие избори лицата што се во изолација ќе може да го остварат своето избирачко право во своите домови, еден ден пред изборниот термин, односно на 16 октомври, кога треба да гласаат и болните и изнемоштени и лицата кои се во затвор или во притвор.

Новина на овие избори се терминалите за идентификација на гласачите. Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, денеска посочи дека не може да каже однапред како ќе функционира новиот систем, затоа што немало пилот-примена за да се испроба пред да биде ставен во употреба.

Реклама

Едукацијата на избирачките одбори, но ќе има уште еден циклус обуки за употребата на терминалите, за што е подготвено упатство за работа со нив и изготвено видео.

На денот на изборите ДИК бара да има околу двесте ИТ-инженери кои ќе им помагаат на луѓето што управуваат со опремата. Компанијата која ги испорачува апаратите, исто така, има ангажирано 80 луѓе, кои исто така ќе им помагаат на ИТ-тимот во ДИК и на избирачките одбори.

Заклучениот Избирачки список е веќе даден на печатење, а веќе се печатат и гласачките ливчиња. Даштевски најави дека членови на ДИК најверојатно утре ќе одат да проверат како се одвива печатењето.

Избирачкиот список треба да биде потпишан најдоцна до 1 октомври.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

„Паднаа“ Фејсбук, Инстаграм и ВатсАп - комуникацијата во светот во „мрак“

Next Post

Приведен скопјанец, полицијата пронашла оружје во неговиот дом

Реклама