Dark Mode Light Mode
Експлозивна направа фрлена во двор од куќа во Чаир
3 дена извештајот за пожарот во Тетово стои во ОЈО, ќе се соопшти ли виновникот пред изборите?
Почнува фестивалот на филм и музика „Ѕирни“

3 дена извештајот за пожарот во Тетово стои во ОЈО, ќе се соопшти ли виновникот пред изборите?

Откако извештајот за тоа што се случи во тетовската модуларна болница на 8 септември, кога во пожар изгореа 14 пациенти и нивни роднини – стигна во тетовското обвинителство, поминаа 3 дена. Уште нема никаков детал од истрагата иако и самиот премиер Зоран Заев рече дека „наскоро ќе се обелодени“.

Ваква изјава Заев даде истиот ден кога беше соопштено дека извештајот е предаден во ОЈО Тетово. Прашањето е зошто Заев дава временска најава дека наскоро ќе се објават деталите, и второ кога е „наскоро“? Дали за време на кампањата или сепак политички ќе се игра и ќе се чека изборите да поминат?

Семејствата на 14-мината загинати го чекаат епилогот. Се организираа и протести со намера да се натераат институциите на одговорност и побрза истрага. Но, безмалку еден месец по трагедијата нема ниту виновници ниту одговорност.

Реклама

Од извештајот за причините за избувнувањето на пожарот на 8 септември во модуларната ковид- болница ќе зависи и одлуката на премиерот, за понудените оставки од министерот за здравство Венко Филипче, заменик-министерот Илир Хасани и двајцата директори на тетовската болница.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Експлозивна направа фрлена во двор од куќа во Чаир

Next Post

Почнува фестивалот на филм и музика „Ѕирни“

Реклама