Страшна сообраќајка со смртни последици на патот Кичево – Охрид. Имeно, загина седумнаесетгодишно момче кога автомобилот во кој бил излетал од патот.
Од МВР информираат дека утрово во 03 часот кај село Ботун автомобил „Киа Соренто“ со охридски регистарски ознаки управуван од 17 – годишен малолетник од село Лешани, општина Дебарца излетал од патот.
Од силината на ударот, сопатникот 17 – годишно момче од село Мешеишта, општина Дебарца, починал на самото место на несреќата. Возачот пак се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во болница „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош.