Dark Mode Light Mode
Извештајот од истрагата за Тетово е речиси готов - и Заев го чека поради оставките
За една недела, бројот на вакцинирани кои се заразиле, се хоспитализирани или починале од ковид пораснал за 1 отсто
(ФОТО) На плажа во Центар

За една недела, бројот на вакцинирани кои се заразиле, се хоспитализирани или починале од ковид пораснал за 1 отсто

Во периодот од 6 август до 30 септември во државава се регистрирани 35.531 граѓанин позитивни на коронавирусот, објави денеска Министерството за здравство.  Од нив, 23 отсто односно 8.233 лица биле целосно вакцинирани.

За вакцинирани се сметаат лицата со две дози и кои поминале најмалку 14 дена од примање на втората доза вакцина.

Според статистиката за изминативе недели, 27.298, граѓани, односно 77 проценти од позитивните не биле вакцинирани, наведува Министерството кое денеска објави анализа за речиси два месеца.

Реклама

И кај хоспиталиираните, 79 отсто се навакцинирани, додека  21 процент од сите кои во овој период биле примени на болничко лекување, се целосно вакцинирани.

Во однос на смртноста, во период од 6 август до 30 септември  на територија на државата починале 1.162 лица со ковид-19. Од нив 987 пациенти не биле вакцинирани, а 15 отсто (175 лица) биле вакциираани.

Од Министерството за здравство велат дека ваакцинираните кои починале имале повеќе комбинирани хронични заболувања, а биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на „Модерна“ и „Џонсон“.

Во споредба со истата ваква анализа од пред една недела, бројот на вакцинирани лица кои се заразиле, се хоспитализирани или починале, оваа недела е пораснат за еден отсто.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Извештајот од истрагата за Тетово е речиси готов - и Заев го чека поради оставките

Next Post

(ФОТО) На плажа во Центар

Реклама