Dark Mode Light Mode

Извештајот од истрагата за Тетово е речиси готов – и Заев го чека поради оставките

Поминаа 23 дена од трагедијата во Тетово кога во пожар во модуларната-ковид болница загинаа 14 лица. Се уште нема резултати ниту од истрагата ниту од Обвинителството, а нив ги чека и премиерот Зоран Заев кој најави дека откако ќе ги добие ќе одлучи што со понудената оставка од министерот за здравств Венко Филипче и со оние на директорите на тетовската болница.

Форензичките извештаи и анализите на вештачењето за пожарот во модуларната болница во Тетово се при крај, изјави денеска Заев.

– Колку е поскоро, толку подобро, за да ги решиме сите дилеми. Животот продолжува, политичарите се во кампања, се случуваат секојдневни активности. Ред е да се објави тој извештај за да можам и јас да го кажам својот став по повод понудените оставки од министерот, заменик-министерот…., рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

Реклама

Пожарот во модуларната болница во Тетово избувна на 8 септември и во него загинаа 14 лица, а 12 беа повредени. По пожарот, оставки понудија министерот за здравство, неговиот заменик и двајцата директори на Тетовската болница. Во истрагата, покрај домашните истражни органи, се вклучија и германски експерти.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Во Египет со електронска виза

Next Post

За една недела, бројот на вакцинирани кои се заразиле, се хоспитализирани или починале од ковид пораснал за 1 отсто

Реклама