Dark Mode Light Mode

За „недела неработен ден“ ќе се чека по избори

Пред официјалниот почеток на кампањата за локалните избори што треба да се одржат на 17 октомври, пратениците не успеаја да ги донесат измените на Законот за работни односи со кои недела требаше да се прогласи за неработен ден за повеќето дејности. Тие, иако требаше да бидат донесени порано и да почнат да се применуваат од 1 октомври, најверојатно ќе бидат усвоени по завршување на локалните избори, со оглед на тоа што беше најавено дека Парламентот дотогаш нема да заседава.

Законските измени заглавија на второ читање на собраниската Комисија за труд и социјална политика, на која требаше да има амандманска расправа, а на неодредено време беше одложена и пленарната седница на чиј дневен ред беше ова законско решение.

Реклама

Поради роковите околу претстојните локални избори до крајот на следниот месец нема да се одржуваат седници во Собранието, што значи дека овие измени нема да се донесат според рокот предвиден од Владата

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Времето денес ќе биде претежно сончево и топло

Next Post

152 сообраќајни прекршоци во Скопје, 63 за брзо возење

Реклама