Dark Mode Light Mode

Кумановската лекарка фатена со мито доби 8 дена притвор

Лекарката од Општата болница од Куманово која пред два дена беше фатена со поткуп од пациенти доби осумдневен притвор, а кумановското Основно јавно обвинителство поведе постапка против неа поради постоење основано сомневање дека сторила криични дела: Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 во врска  со став 2 во врска со став 1, а во врска со член 45 став 1 и Примање поткуп од член 357 став 6 во врска со сатав 2 во врска со член 45 став 1 од Кривичниот законик.

Според ОЈО, лекарката од Очното одделение на кумановската болница на 22.09.2021 година директно побарала и примила корист за себе, парични средства, за да изврши службено дејство што морало да се изврши.

-Таа во два наврати, на свои пациенти, им побарала износ од по 12 000 денари за да им изврши операција на катаракта, под изговор дека ваквите средства и се неопходни за набавка на леќи, иако леќите ги набавува самата болница, а оштетените не биле должни да го платат наведениот износ, односно требале да платат само партиципација. Побараниот паричен износ  пред да бидат извршени операциите, оштетените и го платиле директно на рака на обвинетата, при што не добиле никаква потврда за уплатата, велат од ОЈО.

Реклама

Судот со Решение  на осомничената и определи мерка притвор во траење од осум дена. ​​

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Бесплатен јавен превоз од утре од 18 часот до 5 часот в недела

Next Post

МВР пет години не ја открило дрогата во возилото – Црногорците тоа го направија со рутинска проверка

Реклама