Dark Mode Light Mode
Следуваат потопли денови
Скопјанка за 20-тина дена извршила шест кражби – се претставувала како медициска сестра и попишувач
Мицкоски: Ќе поднесеме и барање со „Северна“ само за да одговараат за пожарот

Скопјанка за 20-тина дена извршила шест кражби – се претставувала како медициска сестра и попишувач

Скопјанка на возраст од 35 години е осомничена за шест тешки кражби направени во периодот од 3 до 21 септември, информираше Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје кое отвори постапка против неа.

Кражбите таа ги извршувала на различни начини, според информациите на обвинителството, претставувајќи се како медицинска сестра, попишувач, внука на соседи таа влегувала во домовите на своите жртви и ги ограбувала.

Првата кражба за која е осомничена е од 3 септември. На автобуска постојка во населбата Ченто се доближила до оштетената, кратко разговарала со неа и во момент на невнимание ѝ ја зела торбата во која имало паричник со картичка и пари и дуксер во вкупна вредност од 6.000 денари.

Реклама

Пет дена подоцна, скопјанката влегла во куќа на улицата „Кавадарка“ во Скопје, на сопственикот му се претставила како медицинска сестра која дошла да го прегледа и да стави облоги на нозете. Сопственикот ја примил дома и додека се подготвувал за преглед таа го украла паричникот во кој имало 16.000 денари.

Во домови влегувала и наредните два дена.

На 9 и 10 септември, пак, влегла во два дома, претставувајќи се како попишувач од пописна комисија. На сопствениците им барала сертификат за вакцинација и додека тие го барале сертификатот, им ги одзела паричниците во кои имало банкарски картички. Во куќата на друга оштетена, на 14 септември, осомничената се претставила како внука на сосетката, па искористувајќи момент кога сопственичката на кратко ја напуштила просторијата, одзела паричник со околу 3.000 денари.

Последната од шесте кражби за кои е осомничена е регистрирана на 21 септември, а како што соопшти обвинителството, до кражбата дошло кога скопјанката ѝ се доближила на оштетената пред аптека во Сингелиќ и замолила да ѝ даде пари за лекови. Тогаш и го грабнала паричникот во кој имало 3.000 денари.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Следуваат потопли денови

Next Post

Мицкоски: Ќе поднесеме и барање со „Северна“ само за да одговараат за пожарот

Реклама