Dark Mode Light Mode

Целосно вакцинирани се над 700 илјади граѓани

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 778.408 граѓани, информираат од Министерството за здравствo.

Прва доза вакцина вчера примиле 1.624 граѓани, а во текот на вчерашниот ден вкупно се вакцинирале 7.518 граѓани.
Во државата вкупно се аплицирани 1.482.287 дози вакцини, а ревакцинирани се 703.878 граѓани.

Со последните бројки 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 31% од населението над 18, a до 39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Реклама

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктови низ државата. Децата од 12 до 18 -годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител, потсетуваат од ресорното министерство.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Главната улица „Македонија“ изгледа како дел од запуштена паланка, а не од главен град

Next Post

Од понеделник ќе се дава трета доза вакцина - тоа ќе биде „Фајзер“

Реклама