Dark Mode Light Mode
ФОТО: Ма ова е прекрасен дрворед за сечење во Аеродром
Нашите граѓани вакцинирани во странство треба сами да се пријават во тукашниот систем
Царството на медот во центарот на Скопје

Нашите граѓани вакцинирани во странство треба сами да се пријават во тукашниот систем

Нашите граѓаните, кои се вакцинираа против ковид-19 во Србија или во која било друга земја, може да ги внесат своите податоци во нашиот систем на кој било од вакциналните пунктови во земјава.

Со тоа ќе им бидат признаени странските сертификати во нашиот систем и ќе можат да добијат европскиот сертификат како што е случај со оние што се вакцинирале во земјава.

Причината зошто треба физички да дојдат, како што објасни денеска министерот Филипче е да се дадат веродостојни податоци и да им се потврди идентитетот дека се навистина тие граѓани што се пријавуваат.

Реклама

Тој вели дека вакцинираните во странство нема потреба повторно да патуваат за да примаат трета доза, туку на ваков начин може да ја добијат третата доза и кај нас.

Комитетот за имунизација, како што претходно соопшти Филипче, препорача трета доза за: сите граѓани над 60 годишна возраст; сите здравствени работници без разлика на возраста; сите пациенти што имаат имунокомпромитирана состојба, без разлика на возраста. Таа треба да се прими најмалку шест месеци по вакцинирањето со втората доза.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

ФОТО: Ма ова е прекрасен дрворед за сечење во Аеродром

Next Post

Царството на медот во центарот на Скопје

Реклама