Dark Mode Light Mode

Глигоров е новиот тренер на Вардар

Поранешниот фудбалер на Вардар, Никола Глигоров е нов шеф на стручниот штаб на нашиот најтрофеен клуб. 38годишниот Глигоров, ја презеде функцијата од Горан Симов, со кого клубот спогодбено се раздели.

“Ми претставува огромно задоволство и привилегија што ја добив довербата од управата на клубот да бидам вршител на должноста шеф на стручен штаб на ФК Вардар. Во исто време ми претставува огромна одговорност пред целокупната јавност а посебно пред нашите најверни навивачи “Комити” чија поддршка многу ја ценам.
Голема благодарност до досегашниот шеф Горан Симов за се што направи за ФК Вардар и нас колегите. Имам голема доверба во стручниот штаб и играчите и се надевам дека за брзо време ФК Вардар ќе се врати во првата лига и ќе освојува трофеи”, рече Глигоров.

Никола Глигоров во кариерата одиграл преку 200 натпревари за Вардар. Во три мандати бил играч на Вардар (2004-2006, 2008-2009, 2014-2018).

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Мицкоски отиде до Будимпешта, доби поддршка од Орбан за локалните избори

Next Post

Ја претепал мајка си во дворот од семејната куќа

Реклама