Dark Mode Light Mode

Убава маратонска атмосфера, македонска доминација и рекорди…

Убаво беше да се види како денеска на булеварите во Скопје се одвива веќе традиционалниот Скопски маратон. Многубројните учесници направија убава-спортска атмосфера која ја надополнуваа и скопјани кои од тротоарите ги бодреа маратонците.

На овој, 17-ти по ред Скопски маратон победници беа Дарио Ивановски во машка, и Адријана Поп Арсова во женска конкуренција со што ја потврдија македонската доминација на овогодинешната најдолга атлетска трка. Инаку, овие наши маратонци постигнаа и уште еден успех – двата резултата се нови македонски рекорди на оваа делница.

Ивановски маратонот го заврши со време од 2:21.27 часа, втор беше Босанецот Младен Ставановиќ, а трет Давид Перлич од Германија. Поп Арсова маратонот го заврши со време од 2:40.36 часа, три минути пред второпласираната Илвија Јукаила од Еквадор и Билјана Кираџиева.

Реклама

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Млада скопјанка пронајдена почината во апартман во Стар Дојран

Next Post

Регистрирани 190 новозаболени од коронавирус, а починаа 10 лица

Реклама