Dark Mode Light Mode

Заев: Понудените оставки се одраз на морална одговорност, тој нема да замине

Моралната одговорност во случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово е постигната со тоа што се понудени четири оставки, смета премиерот Зоран Заев, кој и понатаму смета дека за нив треба да одлучи откако ќе ги добие извештаи од истражните органи.

Заев вели дека не може едноставно да се разрешуваат министри, зашто треба да се мисли и што понатаму односно дали треба да се донесе некој нов да се учи како да менаџира со пандемијата.

При одлучувањето дали ќе ги прифати оставките на министерот за здравство и заменикот, Венко Филипче и Илир Хасани, и директорите на тетовската болница, Флорин Бесими и Артан Етеми, според денешната изјава, премиерот ќе оценува и како работеле тие досега, а нема да го земе предвид само случајот со болницата.

Реклама

Заев вели дека би ја напуштил политиката ако може да ги врати животите на 14 – те жртви од трагедијата и дека заминувањето на министерот за здравство ќе го отежне управувањето со пандемијата.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Утре без вода дел од Сарај, ќе се чисти резервоар за вода

Next Post

Во Националната опера и балет ќе се свири на инструменти купени од јапонската Влада

Реклама