Dark Mode Light Mode

МЗ: Наставата со физичко присуство продолжува – бројот на заразени деца и наставници е мал

Комисијата за заразни болести смета дека физичката настава во школите треба да продолжи, објави попладнево Министерството за здравство, кое ги презентира податоците за состојбата со заразени ученици и кадар од почетокот на учебната година добини од ИЈЗ.

Според овие податоци, МЗЗ тврди дека за 40% е намалена инциденцата на ширење на вирусот кај населението на ниво на цела држава со почетокот на училишната година, споредбено со ширење на вирусот во последните две недели во август.

Во епидемиолошката анализа на Институтот опфатена е возрасна популација од претшколска возраст, основно, средно образование и академска.

Реклама

Најмал е бројот на заразени во предучилината и училишната возраст, односно на возраст од 0-9 години има само 3,9% кои се ковид-позитивни.

По градови, во Скопје има 139 заразени основци, 70 средношколци, 72 од академската популација и 28 деца во претшколска возраст. Во Куманово, има 5 заразени основци, 8 средношколци, 18 од академската популација и 3 деца во претшколска возраст. Штип 2 деца од претшколска возраст се ковид позитивни, 5 основци, 8 средношколци и 3 од академската популација. По 2 заразени деца од претшколска возраст има и во Велес и Ресен, и 1 е заразено во Прилеп. Од популацијата во основно, во Велес и Ресен има по 5 ученици, 6 има во Струмица и Кавадарци, а 8 во Прилеп.

Средношколци позитивни на ковид има 3 во Велес, 7 во Кавадарци, 4 во Прилеп и 2 во Струмица. И од академската популација заразени со вирусот се 6 во Велес, по 2 во Кавадарци и Прилеп и по 3 во Струмица и Ресен.

Од Народниот правобранител минатата недела информираа за голем број поплаки од рродители за непчитување на протоколите во училиштата, но министерката за образование Мила Царовска тврди дека бројот на вакви случаи е многу мал.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Во Националната опера и балет ќе се свири на инструменти купени од јапонската Влада

Next Post

Ковид во 24 часа: 12 починати и 154 нови заразени, но од 1.967 тестирања

Реклама