Во Скопје деновиве во рамките на Европската недела на мобилност имаше вело- фиеста. Улицата Димитрије Чуповски беше затворена, поточно, ослободена од автомобили и им беше дадена предност на пешаците и велосипедистите.
Убаво. Годинава овој фестивал е на тема „Безбедни и здрави со одржлива мобилност“. И се направија неколку кругчиња заедно со функционери и се направија троа повеќе фотографии за во медиуми и готово – се оставија вистинските велосипедисти на „возење“ од страна на реалноста во Скопје.
А каква е реалноста? Велосипедски патеки нема доволно. И оние кои ги има често се узурпираат од возила, а тоа не се спречува. Реалноста е дека велосипедите низ Скопје се крадат скоро па масовно. И тоа млако се спречува од полицијата.
Ај може догодина пригодната манифестација ќе ги разгледа тие прашања. Ај може на Град Скопје и на полицијата ќе им текне и порано.