Dark Mode Light Mode

Медведев се извини на Ѓоковиќ кој со солзи го дочека крајот на мечот

Штета, најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ синоќа не успеа да го комплетира календарскиот гренд слем. Загуби во финалето на Ју-ес опен од одличниот Русин Данил Медведев.

Со ова Ѓоковиќ ја испушти шансата да ги освои сите четири гред слем турнири во една година и со тоа и фактички да потврди дека е неприкосновен во тенисот. При крајот на мечот тој и се расплака.

-Притисокот и очекувањата беа огромни, пред и за време на овој турнир. Се трудев да останам во моментот, да се концентрирам на наредниот чекор, сепак целиот тој процес е исцрпувачки. Чувствувам тага и разочарување, испуштив голема шанса. Не е лесно да се поднесе ваков пораз. Од друга страна, енергија, љубовта и поддршката која ја добив од публиката е нешто што засекогаш ќе го паметам. Навистина ми го наполнија срцето со емоции. Заплакав пред последниот гем, бидејќи емоцијата беше единствена. Никогаш, овде во Њујорк не сум доживеал нешто такво. Ми се собра се она што го доживував овде во претходните години, во големите мечеви… Чувствувам дека не заслужив третман каков што често добивав. Крајот не е совршен, но морам да бидам задоволен поради се што направив. Успешна година е ова, три гренд слем титули и едно финале. Секако дека поразот ме боли, човек сум, имам емоции, но секогаш се потсетувам себе си колкава среќа има во животот – Бог и ангелите ме поддржуваа низ годините, вечно сум им благодарен, истакна по мечот Ѓоковиќ.

Реклама

Сепак тој порачува дека и во 35 година од животот има простор за напредок во неговата игра.

Од друга страна со свое видување излезе и рускиот тенисер:

-Прв пат сум толку нервозен на ваква церемонија. Извините навивачи, Новак извини, сите знаеме што бркаше денес. За мене ти си најдобриот тенисер во историјата, истакна Медведев.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

На Скопје му недостасува чист воздух, хигиена, еко градини, паркови...

Next Post

После тетовската трагедија јавноста потсетува: До каде е случајот за 16 загинати кај Ласкарци?

Реклама