Dark Mode Light Mode

Нема шанси да се дуплираат податоци, тврди директорот на статистика по вчерашниот крах на системот

По вчерашниот проблем со кој се соочија попишувачите, поради кој и самиот процес беше прекинат извесно време, денеска е направавен апдејт и рестартирање, за тие да не се повторат.

Ова денеска го изјави директорот на ДЗС Апостол Симовски. За вчерашниот проблем рече дека е техничи кој бил предиден и од администраторите на апликацијата и на од интернет -провајдерот и брзо се реагирало.

-Денеска беше направен апдејт и рестарт на целиот систем, за да се отстранат сите багови. Денешниот рестарт е за да нема веќе вакви случаи. За техничкиот проблем од вчера најдено е решение и процесот продолжи, изјави Симовски кој денеска беше во Куманово во посета на регионалниот центар.

Реклама

Тој ги отфрли како неточни информациите, дека по отстранување на техничкиот поблем вчера, во системот се појавиле дуплирани податоци, кои попишувачите морале да ги бришат, истакнувајчи дека такво нешто не е можно, бидејќи попишувачите не можат да го знаат тоа, бидејќи не се во базата.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Протест на коалицијата на лица со попреченост „Менуваме“ пред Владата

Next Post

Три дена попис, а попишувачите уште не знаат кои лица се во изолација

Реклама