Dark Mode Light Mode

Со тешко срце се откажаа од концертот, ама не и од прославата за Рамковниот во хотелска сала

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска изјави дека е откажан големиот концерт по повод прославата на 20 години од Охридскиот рамковен договор.

-Согласно програмата за одбележување на Охридскиот рамковен договор предвиден огромен концерт на плоштадот Македонија во Скопје, вечерта на 13 август кој што решивме ние како Министерство да го одложиме, да не го одржиме, согласно новите состојбите со инфекциите од коронавирусот и затоа покажуваме дека сме доблесни и дека разбираме и ги откажуваме сите можни манифестации каде има ризик од зараза, изјави Артан Груби денеска во Тетово.

Сепак останува да се одржи прослава во хотел каде се предвидени да присуствуваат околу 200 луѓе.

Реклама

Груби денеска објаснуваше дека сите настани па и денешниот на Универзитетот на ЈИЕ се согласно протоколи за ковид, па така и тој на 13 август ќе биде во сала во „Александар Палас“ која собира 1 500 луѓе, а ќе присуствуваат не повеќе од 200 луѓе кои ќе носат маски, ќе бидат со оддалеченост поголема од 1,5 метар еден од друг, мерење на температура пред влезот.

-Затоа не ја разбирам оваа масовна хистерија по социјални мрежи. Се надевам дека не се однесува на Охридскиот рамковен договор и на неговата имплементација туку е навистина загриженост на сите тие околу здравствените протоколи, рече вицепремиерот Груби.

Тоа што е откажан концертот, Груби денеска го припиша како доблесност на Министерството. Но, она што треба да се знае е дека јавноста со денови ја критикува власта дека мерките со ограничувања посебно за лицата што не се вакцинирани и за собири во затворени простории се воведуваат од 16 август, а не порано, токму поради прославата на годишнината од Рамковниот.

Сега некој од експертите би требало да објасни зошто се дава уште речиси една недела за ваквите мерки да стапат на сила и со тоа да го побие ваквиот впечаток во јавноста.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Школо ќе има од 1 септември - а како, зависи од состојбата

Next Post

Јунајтед Груп ќе соработува со Нокиа за да ја унапредат мобилната мрежа и да понудат ненадминливо корисничко искуство

Реклама