Dark Mode Light Mode

На скопскиот аеродром приведени странски државјани за криумчарење мигранти

Полицијата вчера на скопскиот аеродром приведе тројца косовски и една романска државјанка осомничени за криумчарење мигранти.

Според МВР се работи за A.Б.(45), државјанин на Косово и Н.С.(49), државјанка на Романија, како и две косовски државјанки, а денеска е поднесена кривична пријава против А.Б. и Н.С., поради основано сомнение дека извршиле кривично дело криумчарење мигранти.

Вчера во 17 часот на излез од државата на Меѓународниот аеродром Скопје се пријавиле С.В.(42) со српска патна исправа и Л.Б.(18) со косовска патна исправа, за кои било констатирано дека не се нивни. Во нивна придружба патувала и второпријавената Н.С., која ги спроведувала двете женски лица со туѓи патни исправи, поради што трите биле приведени во полициска станица.

Реклама

При извршен службен разговор, С.В. за себе дала податоци дека е Л.П.(33) од Косово, а Б.Л. дека е Е.Х.(18) од Косово и појасниле дека со провопријавениот А.Б. биле договорени тој да им организира превоз од Косово до Меѓународен аеродром Скопје и да им овозможи да заминат во Франција со туѓи патни исправи, за одреден паричен надомест.

Притоа, А.Б. заедно со второпријавената Н.С., која ја претставил како негова сопруга, со возило џип „мерцедес“, со француска национална ознака ги зеле од Косово и ги пренеле преку косовско-македонската граница. Н.С. ги потврдила нивните наводи и појаснила дека таа требало да им помогне да заминат за Франција.

По распишана потрага по А.Б., тој околу 23:30 часот бил приведен и признал дека тој им ги дал туѓите патни исправи со цел да заминат во Франција.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Вестите од Бугарија не се охрабрувачки за Османи

Next Post

Во Грција во училиште само со сертификат за ковид - вакцинирани, прележани и негативни

Реклама