Dark Mode Light Mode
Гори ѓубриште на вливот на Бабуна кај Велес
Во Турција во еден момент гореле 129 пожари, 122 се ставени под контрола
Утре без струја делови од Центар и Бутел

Во Турција во еден момент гореле 129 пожари, 122 се ставени под контрола

Турција стави под контрола 122 од вкупно 129 шумски пожари што беснеат низ целата земја, јави агенцијата Анадолија.

-Од вкупно 129 пожари во 35 провинции, 122 се ставени под контрола, напиша на Твитер Фахретин Алтун, шеф на дирекцијата за комуникации на Турција.

Тој додаде дека сите средства на државата се мобилизирани за гаснење на пожарите, кои ја зафатија земјата од средата. Во тек се напори за ставање под контрола на преостанатите жаришта.

Реклама

Пожари избија во најмалку 35 провинции, вклучително и неколку на турскиот медитерански брег, при што загинаа најмалку осум лица.

Турските власти ги продолжуваат напорите за гаснење на пожарите преку воздушни и копнени операции.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Гори ѓубриште на вливот на Бабуна кај Велес

Next Post

Утре без струја делови од Центар и Бутел

Реклама