Dark Mode Light Mode

Најголем процент на вакцинирани има над 70 години, кај помладите е најмал

Секој понеделник во земјава стигнуваат меѓу 20 и 30 илјади вакцини, врз основа на комбинацијата од директниот договор со компанијата „Фајзер“ и помошта што стигнува преку земјите-членки на ЕУ.

Според министерот за здравство Венко Филипче за третиот и четвртиот квартал само од директниот договор вкупно треба да стигнат 700 илјади вакцини „Фајзер“, што, според него, е сосема доволно и во овој момент има доволно вакцини.

– На територијата на цела држава опфатот со вакцинација на граѓаните над 70 години е 63 проценти, над 50 години е 45 проценти. Понатаму како се намалува возрасната група опаѓа и опфатот со вакцинацијата, додаде Филипче.

Реклама

Во меѓувреме од Србија стигнуваат информации дека и натаму во пунктовите во Белград, Врање, Ниш се вакцинираат македонски граѓани. Засега нивниот точен број во земјава не е евидентиран.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Настава со физичко присуство само ако состојбата остане како сега, во спротивно ќе се оди на другите сценарија

Next Post

Рестрикции за невакцинираните се речиси сигурни, најави Филипче

Реклама