Dark Mode Light Mode

Падна дрво во Дебар Маало – лесно е повредено дете и оштетен е автомобил

Во скопската населба Дебар Маало во непосредна близина на влезот на основното училиште „Коле Неделковски“ синоќа паднало дрво кое лесно повредило едно дете и оштетило паркиран автомобил.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, соопшти дека при извршениот првичен увид, дрвото е паднато поради исушените корени, исто како дрвото кое падна пред некој ден на улицата Орце Николов.

„Екипи на ЈП Паркови и Зеленило и службите од Општина Центар го отстранија паднатото дрво кое оштети едно возило. Дрвото, како што се гледа на сликите, има зелени лисја, здраво стебло, но нарушен коренов систем поради кој што може да падне и без посилен ветер“, вели Богдановиќ.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Регистрирани 37 нови случаи на коронавирус, најмногу во Тетово и Скопје

Next Post

На автопатот Куманово-Скопје-Велес за брзо возење казнети 102 возачи

Реклама