Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност и слаб до умерен претежно северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени, јави УХМР.
Во Скопје, сончево со мала облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 35 степени.