Dark Mode Light Mode
Над 200 килограми расипана храна откриена во објекти во Охрид и Дојран
Филипче за случајот во Гевгелија: Нема причина за паника, децата имаат вирусна инфекција
Од попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Филипче за случајот во Гевгелија: Нема причина за паника, децата имаат вирусна инфекција

Нема простор за паника за случајот со болните деца во Гевгелија, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Ниту едно од децата немаат антитела за корона вирус и станува збор за вирусна инфекција.

Од вчера има зголемен број на деца пациенти и во болницата во Козле.

Реклама

-Очигледно е дека сега имуниот систем на некој начин проработува поради тоа што подолго време биле изолирани дома. Нема простор за паника, нема никаква директна врска со ковид, рече Филипче и додаде дека станува збор за обична вирусна инфекција.

Изминатиов месец во болницата во Гевгелија биле примени 50 деца и бебиња со симптоми за респираторни инфекции, неспецифични за овој период од годината.

Инфекцијата на дишните патишта што се појави кај децата во Гевгелија е резултат на заспаниот имунолошки систем, кој со раздвижувањето сега ja покажува истата патологија што ја гледавме во февруари и март годинава, вели директорката на Клиниката за детски болести д-р Аспазија Софијанова.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Над 200 килограми расипана храна откриена во објекти во Охрид и Дојран

Next Post

Од попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Реклама