Dark Mode Light Mode

Судот им го замрзна имотот на Рашковски и на неговите деца

Основниот кривичен суд – Скопје му го замрзна имотот на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, кој е обвинет во случајот за злоупотреба на јавни набавки. Како што се наведува оттаму, замрзнат им е и имотот на неговите малолетни деца.

Рашковски и уште три лица се осомничени дека ја оштетиле државата за 17.642.237 денари и мерката е побарана за да не дојде до осуетување на отштетното побарување. Замрзнат им е и имотот на двете малолетни деца на Рашковски.

-Уважувајќи го барањето, судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје донесе решение за привремена мерка, со кое кон едно од осомничените лица е определена привремена мерка – забрана за располагање со средства од сметка, на која осомничениот како физичко лице има овластување да располага. Со истото решение кон две малолетни лица, на кои првоосомничениот во предметот им е законски застапник, е определена привремена мерка – забрана за отуѓување или оптоварување на своите недвижности или стварни права, кои врз недвижноста се запишани во корист на законскиот застапник, со прибелешка на таа забрана во јавна книга или да ги даде под закуп. Воедно, кон едно правно лице во сопственост на трет осомничен судијата на претходна постапка определи привремена мерка – забрана за отуѓување или оптоварување на движни ствари, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Реклама

Се додава дека привремените мерки за обезбедување на имотно-правното барање ќе траат најдолго до правосилно завршување на кривичната постапка или до поинаква одлука на судот.

Во исто време претходно изречените мерки за обезбедување на осомничените се продолжени за нови 30 дена.​

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Од 1 август нема веќе вакцинација на пограничните пунктови со Бугарија

Next Post

ДУИ праша: Дали ќе имаше интерпелација ако Џафери во Брисел зборуваше на англиски јазик?

Реклама