Dark Mode Light Mode

Уште 10 дена за пријава за студентските домови

Уште десет дена, до 15 јули е отворен Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во земјава за претстојната учебна година.

Право на сместување имаат ученици кои се запишани како редовни во средното образование во учебната 2021/2022 година. Треба да се државјани на Република Северна Македонија; да се запишани на наставен план и програми кои не се застапени во општината, односно градот Скопје каде што ученикот има постојано место на живеење; училиштето во кое ученикот е запишан да е оддалечено најмалку 25 километри од постојаното место на живеење и да има организирано јавен превоз; училиштето во кое ученикот е запишан да е оддалечено најмалку 10 километри од постојаното место на живеење и нема организирано јавен превоз.

Оваа година учениците имаат избор да аплицираат за сместување во ученички дом електронски, со пополнување електронска пријава и прикачување на соодветната документација на https://e-uslugi.mon.gov.mk.

Реклама

Исто така, можат да пополнат хартиена пријава (евидентен лист) и да ја достават потребната документација по конкурсот во ученичкиот дом најдоцна до 15 јули 2021 година.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Од следниот понеделник вакцинација и без термин

Next Post

Судски совет го разреши судијата Горан Бошевски поради нестручност - „Траекторија“ на почеток

Реклама