Dark Mode Light Mode

Нивниот брат, не е и наш брат!

Колумна на Наташа Котлар – Трајкова:

Економско-социјалниот билтен од изминатата недела бележи – најави за зголемување на цени и на даноци во „Северна“, во услови на веќе 10.000 нови лица евидентирани како социјални случаи. Свидетелства за годишниот успех на учениците нема, но ќе ги имало кон крајот на летото, а како врв на апсурдот е намерата на власта да им наплаќа пашарина на пчеларите, затоа што нивните пчели оделе на државно земјиште!?

Додека пак, надворешно-политичкиот билтен сè уште трага по содржината од предлогот на северниот премиер понуден на источниот сосед заради (не)добрососедство и ирационално бришење на македонската историја, македонскиот јазик и национален идентитет.

Реклама

На ова, последново, треба да сме особено внимателни, во услови на именско, историско и идентитетско редефинирање на македонскиот атрибут согласно Преспанската спогодба (2018). Дотолку повеќе, што и бугарската и грчката надворешна политика во однос на  македонската страна се недобронамерни, а синхронизирани и имаат постар датум на заедничко дејствување.

Оттука, неопходна е силна македонска – научна, општествена и народна реакција против политичката недоделканост и агресивност на претставниците од „Северна“. Ова го велам, особено имајќи ја во предвид „северна флоскула“ што неодамна прозвучи во етерот дека „Бугарите и Македонците истовремено зборуваат ист јазик, но и на различни јазици коишто се одделно меѓународно признати“!?

Воопшто не доликува да се артикулираа оваа празна и ефтина изјава пред општествената јавност, небаре останала без памет, па ќе ракоплеска на оваа глупост. О, Господе, при толку многу проучувачи на јазикот, на литературата и историјата, ние Македонците како да онемевме и оглупавивме пред оваа чудовишна, неморална содржина!

Време е да им се покаже каде им е местото на овие бладачи и насилници, кои безумно веруваат дека испишуваат „нова историја“. На буништето од историјата, таму им е местото!

Време е да кажеме јасно и гласно, дека сето ова создава проблем за Македонците и за македонската држава која егзистира 77 години со свои јавни, државни и научни институции.

Време е да кажеме гласно, дека нивниот брат, не е и наш брат – ниту бил, ниту ќе биде!

Македонскиот народ е тој што во времето и просторот, под влијанијата и притисоците, низ причините и последиците создава своја историја – македонска, има свој јазик и своја култура–македонски, своја македонска држава и автентичност. Сето ова мора да го браниме со сите наши интелектуални и морални сили, сега и овде.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Вечерва во МОБ се отвора „Скопско лето 2021“

Next Post

Ниту вториот случај на делта сојот не е причина за загриженост кај нас

Реклама