Досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 452.093 граѓани, соопшти Министерството за здравство, а досега вкупно се вакцирани 263.083 граѓани.
Продолжува трендот на намалено темпо на вакцинација, поради немањето вакцини. Па така, вчера само 3.606 граѓани примиле прва доза, додека околу 2.000 се ревакцинирани.
Целосно вакцинирани во нашата земја се 195.048 граѓани или речиси 10 отсто.
За да се постигне колективен имунитет, според СЗО треба да се вакцинира околу 70 отсто од населението. Според ова, и судејќи според бројот на вакцините кои засега се само ветување, ние сме далеку од целта.