Dark Mode Light Mode

Не ги затемнувајте стаклата на колите ако не сакате да плаќате казни од 300 евра нагоре

Во акцијата на МВР спроведена од 9 до 13 јуни, казнети се 45 лица, кои имале или затемнети стакла на возилата или посебни светлосни или звучни уреди.

Дури 44 од казните биле за затемнувањето на стаклата, а една за уред за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата.

Постои законско ограничување колку можат стаклата да се затемнат, според кое пропустливоста на светлина на стаклото заедно со налепената фолија на него, да биде најмалку 75% за ветробранското стакло и 70% за предните бочни стакла (кај возачот и совозачот – пред „B” носачите).

Реклама

Ова не се однесува за тесната лента која се поставува на горниот раб на ветробранското стакло, и која е наменета за заштита од сонце.

Тоа значи дека, на ветробранското стакло дозволено е затемнување до 25%, додека кај стаклата кај возачот и совозачот дозволено е затемнување до 30%. За задните стакла нема ограничувања доколку возилото има два ретровизори.

На стаклата на возилата не се поставуваат огледални фолии.

Доколку стаклата на задната страна на возилата се затемнети така што пропуштаат помалку од 30% светлина, тогаш возилото треба да биде опремено со ретровизори на двете страни.

Доколку не се почитуваат одредбите од законот, следуваат казни.

Возачот ќе добие казна од 300 евра во денарска противвредност. Но казните за правното лице се многу повисоки од 2.000 евра во денарска противвредност, додека за одговорното лице во правното лице во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице.

 

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Нов весник - „Македонско Ехо“ - по Скопје и Македонија добива бесплатен неделник

Next Post

Поминале на испит, „паднаа“ на мерките против пандемија

Реклама