Dark Mode Light Mode

Фекалии и индустриски отпадни води се пуштаат во каналот во Марино

Државен и овластен инспектор за животна средина детектираа испусти од фекална канализација и од производни и комерцијални субјекти во отворениот дренажен канал што ги зафаќа атмосферските води од општините Гази Баба и Илинден – во должина од 14 километри, соопшти Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС).

Од теренскиот увид се констатирало дека во каналот се испуштаат непречистени отпадни води од село Марино и потенцијално од три правни субјекти и пет инсталации чијшто надзор вршат овластен инспектор за животна средина (производство на пластика, најлон и текстил) и Државен инспектор за животна средина (фарма, складиште за жито, бензинска пумпа и плинска станица).

Реклама

Во периодот од 31 мај до 4 јуни, инспекторите ќе спроведат координирани надзори во правните субјекти и инсталациите кои се лоцирани покрај отворениот канал и ќе преземат соодветни мерки.

Акцијата е спроведена по пријава од граѓанин кој снимил видео од мост преку каналот во село Марино, каде било видливо обојување на каналот со бела боја.

Во меѓувреме, од општината велат дека работат на изградба на фекална канализација во која наскоро ќе се приклучат домаќинствата и правните субјекти за трајно да се спречат ваквите појави.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

За две недели почнуваат уписите во средно - можност за стручно образование и стипендии

Next Post

Внимавајте како паркирате во Скопје: Од утре се плаќа до 23 часот

Реклама