Dark Mode Light Mode

Вкупно во земјава во болница има 183 пациенти со ковид, во Скопје нови 9

Вкупната бројка на пациенти позитивни и сомнителни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 183, а има околу 430 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Во последното деноноќие во Скопје се хоспитализирани 9 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, со што вкупниот број на лица сомнителни и потврдени со ковид изнесува 74. Најголем дел од овие пациенти се на кислородна поддршка. Во  ковид-центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 10 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 25 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 38 пациенти.

Според дневниот извештај од Министерството за здравство, во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 109 пациенти.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Не стигнаа ветените руски вакцини, ќе се бара информација од Амбасадата

Next Post

ВМРО-ДПМНЕ во потрага по 61 глас за парламентарни избори заедно со локалните

Реклама