Оперскиот пејач Игор Дурловски, кој од судот беше ослободен од вина за настаните од 27 април, од говорницата читајќи го текстот на Декларацијата рече дека „Македонците по род во светот и во Татковината, бараат од Врховниот суд безусловно ослободување на сите кои се осудени и понушување на пресудите во, како што е нагласено, политички монитраниот процес.
Тој нагласи дека се бара одговорност од судиите и обвинителите и дека се бара реформирање на правосудството со цел тоа да стане независно од политиката.
Протестот го организираа македонските заедници и организации од дијаспората, а го поддржаа дел од опозициските партии меѓу кои ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е втор протест во организација на македонски заедници и организации од дијаспората за поддршка на осудените за 27 април. Првиот беше на 25 април.
Протестот пред Владата и пред Собранието беше одржан под слоганот „Демократија во Македонија и слобода за уставобранителите”.
„Бараме правично судење”, „Издржи тато”, „Ченто Прилеп е со тебе” се само дел од транспарентите кои ги носеа присутните на протестот.
– Уставобранителите се осудени за тоа што го нарачал Заев, а наградата за Кацарска е Уставниот суд. Процесот мора да се врати од почеток и да не си игра Заев со трпението на народот, им изјави на новинарите Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.Тој рече дека на народот и му е преку глава и дека чашата ја прели именувањето на Кацарска за претседател на Уставниот суд.