Dark Mode Light Mode

Денеска нов протест за ослободување на осудените за „27 април“

Семакедонски протест „ Правда за уставобрнаителите, слобода за Македонија“ вечерва ќе се одржи пред Владата. Организтор на протестот се македонски заедници и организации од дијаспората, а повод како што велат се настаните во Собранието на Македонија на 27 април.

Протестот ќе почне во 18.30 пред зградата на Владата каде ќе биде прочитана Декларација со барања, а потоа ќе продолжи со марш преку центарот до Собранието.

Организаторите повикуваат на протестот да им се придружат сите граѓани, но и политички партии и здруженија. Сепак, нагласуваат дека на собирот ќе треба да дојдат без партиски знамиња и ќе нема обраќања на претставници на партиите.

Реклама

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ веќе дадоа поддршка на протестите и ги повикаа граѓаните да излезат на протестот.  Од власта пак, велат тоа не се протести за ниту за правда, ниту за правичност.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Хрватска ја одобри вакцината на „Фајзер“ за деца од 12 до 15 години

Next Post

Протести за уставобранителите, се бара нивно ослободување и фер судење

Реклама