Dark Mode Light Mode

Автомобил „голф“ насилно одземен од неговиот сопственик

Во попладневните часови на 15 мај полициски службеници од СВР Скопје го уапсиле Н.Д. (45) од селото Грчец, кој претходно истиот ден предизвикал инцидент на патот од Грчец кон Сарај.

Како што информираат од МВР, 45-годишникот го пресретнал А.А. (20) од селото Крушопек, и со физичка сила и со закана му го одзел автомобилот „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки.

Според пријавеното од страна на А.А, причина биле нерасчистени должничко-доверителски односи помеѓу неговиот татко и Н.Д.

Реклама

Автомобилот бил пронајден, а Н.Д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Од 2.557 тестирања само 62 нови заболени од Ковид – 19, починале 14 лица

Next Post

Бездомник починал во центарот на Скопје

Реклама